Трговски центар ќе никне на местото кај руинираниот дом „Ранка Милановиќ
Од мини-депонија до трговски центар – ова е планот за просторот кај поранешниот дом Ранка Милановиќ, каде со години стои распадната зграда затрупана со смет, а во неа покрив над глава се уште бараат дваесетина семејства, објави Телма.
„Согласно актуелниот ДУП намената кај поранешниот дом Ранка Милановиќ е В1 – средно образование, така е и според ДУП кој е во изработка. Во изработката на новиот ГУП на Град Скопје бараме ова земјиште да има намена Б – комерцијални – деловни објекти. Ова барање произлегува од тоа што целиот простор околу поранешниот дом прерасна во комплекс на трговски објекти“, изјавиле од општина Гази Баба за телевизијата.
Додека Општината бара земјиштето од образовна да добие комерцијална намена и на локацијата да никне деловен објект, односно трговски центар, од Министерството за труд и социјала најавија дека семејствата ќе бидат сместени на друга локација. Според податоците од Министерството, таму сега живеат околу 70 до 80 лица, за кои планот е да се згрижат во Чичино село.
„Во моментов се обезбедуваат и дополнителни сместувачки капацитети во Чичино Село, каде што ќе бидат згрижени лицата од Ранка Милановиќ, со цел да им се обезбедат посоодветни услови за сместување и грижа. По завршувањето на овие активности и по создавањето на потребните урбанистички предуслови, ќе може да се пристапи кон следната фаза на трансформација на локацијата“, изјавија од таму.
https://fokus.mk/trgovski-tsentar-ke-nikne-na-mestoto-kaj-ruiniraniot-dom-ranka-milanovik/
Трговски центар на местото на „Ранка Милановиќ“, 20 семејства се селат – домот претворен во мини депонија чека трансформација
Oд мини депонија до трговски центар – ова е планот за просторот кај поранешниот дом Ранка Милановиќ. Со години на ова место стои распадната зграда затрупана со смет, а во неа покрив над глава се уште бараат дваесетина семејства. Додека Општина Гази Баба бара земјиштето од образовна да добие комерцијална намена и на локацијата да никне деловен објект, односно трговски центар, од Министерството за труд и социјала најавија дека семејствата ќе бидат сместени на друга локација.
„Согласно актуелниот ДУП намената кај порашениот дом Ранка Милановиќ е В1 – средно обрзование, така е и според ДУП кој е во изработка.Во изработката на новиот ГУП на Град Скопје бараме ова земјиште да има намена Б – комерцијални – деловни објекти. Ова барање произлегува од тоа што целиот простор околу поранешниот дом прерасна во комплекс на трговски објекти“, велат од општина Гази Баба.
Според, податоците од министерството таму сега живеат околу 70 до 80 лица. Планот е да се згрижат во Чичино село.
„Во моментов се обезбедуваат и дополнителни сместувачки капацитети во Чичино Село, каде што ќе бидат згрижени лицата од „Ранка Милановиќ“, со цел да им се обезбедат посоодветни услови за сместување и грижа. По завршувањето на овие активности и по создавањето на потребните урбанистички предуслови, ќе може да се пристапи кон следната фаза на трансформација на локацијата“, рекоа од Министерство за социјална политика, демографија и млади
Плановите се големи, но сликата на терен за сега е поинаква. Ѓубре, руиниран објект и десетици луѓе во нехумани услови- лоша слика на само неколку километри од центарот на Скопје. Пред извесно време се најави и чистење на просторот, а исто така и трансформација на целото место. Па останува да се види дали овој пат планот на надлежните ќе успее и ќе се урбанизира просторот или и најавите ќе останат само на хартија, а местото ќе продолжи да биде мала депонија.
Се знае нешто инвеститор, почеток на градба или ова е све 2035+? 😆
Се знае нешто инвеститор, почеток на градба или ова е све 2035+? 😆
Не нема ништо официјално,ќе треба прво да се изврши пренамена на земјиштето па да се усогласи со нов ГУП така што тие процедури знаат да потраат.
Прашање е дали ќе биде чисто комерцијална намена или ќе има и одреден процент за домување,некако нема логика на толку мал простор толку трговски објекти и деловен простор а повторно се вртат истите продавници.
Како и да е сепак подобро е нешто да се изгради и таа руина и депонија да станат историја од тоа место.
Како и да е сепак подобро е нешто да се изгради и таа руина и депонија да станат историја од тоа место.
Ова е најбитното според мене, вакви руини од згради и депонии да ги претвориме во ново нешто. Ете и онаа фабрикана карши Ист Гејт, онаа во Хром карши Тинексот, она објектон во Капиштец што беше хотел порано...
Било што само да не бидат 20 катници... Овие три локации што ги споменав имаат голем потенцијал за убав парк
Како и да е сепак подобро е нешто да се изгради и таа руина и депонија да станат историја од тоа место.
Ова е најбитното според мене, вакви руини од згради и депонии да ги претвориме во ново нешто. Ете и онаа фабрикана карши Ист Гејт, онаа во Хром карши Тинексот, она објектон во Капиштец што беше хотел порано...
Било што само да не бидат 20 катници... Овие три локации што ги споменав имаат голем потенцијал за убав парк
Онаа зграда спроти Ист Гејт сигурно ќе биде нешто деловно/станбено бидејќи во ДУП е 10 катница вцртана,за Купром во Хром веќе 2-3 градежни компании имаат удел во имотот и се чека нов ГУП за да се вцрта станбена намена.Така што тешко да видиме парк или некое друго покреативно решение кое нема да се состои од станбени згради и мини-трговски центри.
Конкретно во ситуацијава воопшто не треба да чекаат измени во ДУП/ГУП туку треба веднаш да се пристапи кон чистење на локацијата,уривање на објектот(кој секако е во државна сопственост) и соодветно сместување на лицата кои сега живеат во оваа руина бидејќи ова е огромен извор на зарази во градот,извор на загадување од запален отпад,размножување на глодари,кучиња скитници и ред други работи.
https://www.vecer.press/na-mestoto-na-ranka-milanovik-ke-se-gradi-trgovski-czentar/


