Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Известувања
Исчистете ги сите

Бит-пазар

2 Написи
1 Корисници
0 Реакции
31 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2508
Стартер на тема   [#1187]

ФОТО | Урнати старите тезги на Бит-пазар

Просторот на кој до неодамна беа поставени овие тезги е приватно земјиште, во сопственост на фирмата „Поливерзум“ од Сарај, која патем од пред неколку месеци стана најголемиот акционер во хотелско-угостителската компанија „Македонија турист“.

Во неделата започна уривањето на старите тезги на Бит-пазар во Чаир, каде веќе три дена градежни возила го собираат шутот и остатоците од отстранетите продажни објекти.

Просторот на кој до неодамна беа поставени овие тезги е приватно земјиште, во сопственост на фирмата „Поливерзум“ од Сарај, која пред неколку месеци се проби во јавноста откако стана најголемиот акционер во хотелско-угостителската компанија „Македонија турист“. Оваа скопска фирма е основана пред шест години и е во сопственост на Баки Ајдин.

Во близина на овие тезги, Град Скопје во заедничка акција со уште неколку институции и инспекторати, минатата неделаги отстранијасите импровизирани тезги на потегот од Бит-пазар кон „Мавровка“, запленија 500 килограми храна и најавија казни за нелегалните препродавачи.

До објавувањето на овој текст, од Општина Чаир не излегоа со соопштение и детали за овој настан.

https://www.slobodenpecat.mk/foto-urnati-starite-tezgi-na-bit-pazar/



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 8 месеци
Објави: 2508
Стартер на тема  

По пет години започна реновирањето на преостанатите стари тезги на Бит-пазар



   
ОдговорЦитат
Сподели: