Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Индустриски објекти...
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Индустриски објекти(општо)

9 Написи
3 Корисници
7 Реакции
3 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#884]

Во оваа нишка ќе бидат опфатени проекти поврзани со изградба на индустриски хали,производствени погони и слично.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Стентон Градба активно работи на реализација на проектот за изградба на нов производствен објект на компанијата Brainchild во ТИРЗ Жабени – Битола.



[ https://www.facebook.com/photo?fbid=1518890743572025&set=pcb.1518890800238686 ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

ТИРЗ-компаниите во 2025: Дел од фабриките со пад на вработеноста, Дура Аутомотив и Гентерм со најголемо намалување на работната сила




Податоците што ги обезбеди Фактор, а се преземени од Централниот регистар, покажуваат различна деловна динамика кај компаниите што работат под дирекција на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) во 2025 година. Анализата на бројот на вработени, приходите и добивката упатува на јасни разлики меѓу фабриките, и во кадровска смисла и во финансиските резултати.

Кај вработеноста, најголем процентуален пад бележи Дура Аутомотив, каде бројот на работници е намален за 78 отсто, а компанијата ја завршува годината со само 14 вработени, а за овој инвеститор веќе се пишуваше дека ќе си замине од земјата. По неа следува Гентерм Северна Македонија со пад од 18 отсто, но со 2.226 вработени и натаму останува најголем работодавач во оваа група.

Пад кај бројот на работници има и кај ОДВ-Електрик со 14 отсто, Џонсон Мети со 12 отсто, како и Ван Хоол Македонија со 11 проценти. Намалување на бројот на вработени е регистрирано и кај АРЦ Аутомотив Македонија, Леар Корпорејшн Македонија, Аптив Сервисес Македонија и Кемет Електроникс Македонија.

Во истата година, дел од компаниите бележат раст на вработеноста. Најизразен е кај ВИК Македонија, со 27 отсто, по што следуваат Костал Македонија со 8 отсто, Џојсон Сејфти Системс Македонија со 3 отсто, Магна Мирорс Саут-Ист Јуроп со 2 отсто и Адиент Ситинг со 1 процент.

Падот кај дел од компаниите може да се поврзе со состојбите во автомобилската индустрија, каде европскиот пазар се соочува со послаба побарувачка, силна конкуренција од кинеските производители и нови трговски бариери. Дел од производителите и добавувачите работат во услови на повисоки трошоци и неизвесни нарачки, што влијае врз производството и вработеноста. Во таква средина, промените се чувствуваат и кај компаниите во ТИРЗ што се дел од автомобилскиот синџир. Влијание на падот на вработеноста кај други, како на пример Ван Хол, имаат и новонаметнатите царински стапки од САД.

Според приходите, убедливо на врвот е Џонсон Мети со 107,06 милијарди денари, односно околу 1,74 милијарди евра. На значително растојание зад неа се Костал Македонија со 15,02 милијарди денари или околу 244,2 милиони евра, Ван Хоол Македонија со 14,55 милијарди денари или околу 236,6 милиони евра, како и Магна Мирорс Саут-Ист Јуроп со 10,64 милијарди денари, односно околу 173,1 милиони евра.

Во групата компании со повисоки приходи се и Леар Корпорејшн Македонија, Џојсон Сејфти Системс, Гентерм и Кемет Електроникс.

Сличен распоред има и кај добивката. Џонсон Мети ја завршува 2025 година со 4,49 милијарди денари добивка, што е околу 73,2 милиони евра. По неа следуваат Ван Хоол Македонија со околу 19 милиони евра, Магна Мирорс Саут-Ист Јуроп со 13,4 милиони евра и Костал Македонија со 7,6 милиони евра. Добивка прикажуваат и Леар Корпорејшн Македонија, Кемет Електроникс Македонија, Гентерм Северна Македонија, ОДВ-Електрик, Џојсон Сејфти Системс, Адиент Ситинг и ВИК Македонија.

Со загуби се Дура Аутомотив, Аптив Сервисес и АРЦ Аутомотив. Кај Дура Аутомотив е евидентирана загуба од над 1,04 милијарди денари, или околу 16,9 милиони евра, што е најслаб резултат во анализираната група. Аптив Сервисес Македонија ја завршува годината со загуба од околу 63 милиони денари, а АРЦ Аутомотив Македонија со минус од околу 57 милиони денари. Вкупната слика покажува дека 2025 година донела различни трендови кај компаниите во ТИРЗ. Дел од нив ја намалуваат вработеноста, дел го зголемуваат бројот на работници, а финансиските резултати се движат од висока профитабилност до загуби. Најголемиот број вработени е кај Гентерм, највисоките приходи и добивка се кај Џонсон Мети, додека најголем раст на вработеноста има ВИК Македонија.

[ https://faktor.mk/tirz-kompaniite-vo-2025-del-od-fabrikite-so-pad-na-vrabotenosta-dura-automotiv-i-genterm-so-najgolemo-namaluvanje-na-rabotnata-sila- ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Нов Агроцентар во Гази Баба вреден над 50 милиони евра – нова надеж за македонските земјоделци

Македонија наскоро би можела да добие еден од најголемите агроинфраструктурни проекти во поновата историја. Во економската зона во Гази Баба, долж скопската обиколница помеѓу клучките Хиподром и Сингелиќ, планирана е изградба на современ агроцентар кој треба целосно да го промени начинот на пласман и дистрибуција на земјоделските производи.
Проектот е проценет на повеќе од 50 милиони американски долари и е поддржан преку меѓународни финансиски механизми. Според најавите, станува збор за современа агрофуд платформа која ќе служи како централен логистички пункт за прием, сортирање, складирање и дистрибуција на земјоделски производи од целата држава.

Што ќе содржи новиот агроцентар?
Планираниот комплекс треба да располага со:

современи магацински простории,
ладилници,
простор за сортирање и пакување,
дистрибутивен центар,
инфраструктура за товарни возила,
современи технички системи за логистика и транспорт.
Целта е да се создаде организиран систем преку кој домашните производители полесно ќе ги пласираат своите производи на домашниот и регионалниот пазар.

Земјоделците со години се жалат на исти проблеми
Домашните производители долго време се соочуваат со:

нестабилен откуп,
високи транспортни трошоци,
недостаток на ладилници,
проблеми со складирање,
зависност од прекупци,
големи загуби поради расипување на производите.
Токму затоа, очекувањата од новиот агроцентар се големи. Според агроекономските анализи, современ логистички систем може значително да ги намали трошоците во синџирот на снабдување и да овозможи побрз и поефикасен пласман.

Строги услови за компаниите што ќе градат
За реализација на проектот се бараат компании со сериозен капацитет и искуство во изградба на големи индустриски и логистички комплекси.

Предвидени се строги критериуми:

голем број вработени инженери и експерти,
искуство со инфраструктурни проекти,
современа механизација,
висока финансиска стабилност,
почитување на меѓународни стандарди.
Во условите се предвидени и сериозни еколошки стандарди, како контрола на прашина, бучава, отпад и безбедност при работа.

Ќе се подобри ли конечно пласманот?
Голем дел од земјоделците сметаат дека Македонија одамна има потреба од ваков централен агрологистички систем.

Во години кога:
откупните цени често паѓаат,
производите остануваат непродадени,
дел од родот завршува како отпад,
а трошоците за производство постојано растат,
ваквите инвестиции се гледаат како можност за модернизација на целиот агросектор.

Сепак, многумина остануваат внимателни и прашуваат дали проектот навистина ќе донесе конкретна корист за земјоделците или повторно најголемиот бенефит ќе го почувствуваат трговците и посредниците.

Големи очекувања од проектот
Доколку проектот биде реализиран според најавите, новиот агроцентар може да донесе:

подобра организација на пазарот,
намалување на загубите,
поконкурентни домашни производи,
полесен извоз,
подобра дистрибуција низ целата држава.
За македонското земјоделство, кое со години се соочува со нестабилност и проблеми со пласманот, ова би можел да биде еден од најзначајните инфраструктурни чекори во последните децении.

[ https://zemjodelie.mk/2026/05/08/nov-agrocentar-gazi-baba-zemjodelski-proizvodi/?fbclid=IwY2xjawRsVdZleHRuA2FlbQIxMABicmlkETFqQkh4WDJEZUgzQUtqVE8xc3J0YwZhcHBfaWQQMjIyMDM5MTc4ODIwMDg5MgABHp9S5LMiWfdjb60s-bxND6FuXi5wPhM8HZyvQgMN1mFZtJJJ4-EcCuC9NIeW_aem_07zDx9dh9OTJwfo0Osxxcg ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Индустриски објект - Штип



[ https://www.facebook.com/SlemeProekt ]



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Фабрика за челични цевки Стил М АБЦ ( Кавадарци ) во Росоман



   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Нова милионска инвестиција во Виница. ВИНЧИНИ отвора нова фабрика вредна 8,5 милиони евра.

Новата фабрика располага со две современи производни линии, ќе отвори 40 нови работни места веднаш, а во текот на следната година се планираат уште 40 дополнителни вработувања. Со оваа инвестиција производствените капацитети на ВИНЧИНИ ќе се зголемат за 30 проценти.

Ова е одлична вест за Виница и за целиот регион. Секоја нова инвестиција значи нови можности за нашите сограѓани, нови работни места и посилна локална економија.

Горди сме што токму во нашата општина се реализираат проекти кои придонесуваат за развојот на македонската индустрија и создаваат перспектива за идните генерации.




   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Нова германска инвестиција во срцето на Пелагонија. Денес стартуваше со работа германската фабрика за производство на адреналински спортови на вода. Брендот „Брејнчајлд“ има регистрирано две компании, едната за развој на нова висококвалитетна и издржлива опрема, а од денес и официјално стартување фабриката за сериско производство на развиените производи, која моментално има 226 вработени.

Во индустриската зона Жабени во Битола денес официјално стартува новиот производствен капацитет на германската компанија „Брејнчајд“. Фабрика која отвора нови работни места, потпирајќи се на современи технологии и производство по европски стандарди. Од Битола кон светските пазари ќе се создава опрема за адреналински спортови на вода и ветар, со акцент на иновации и одржливо производство. Во моментов располага со 226 вработени.

Новата германска инвестиција во Жабени не е само нов производствен објект-таа е потврда дека Пелагонија има потенцијал за индустриски развој. Секое ново работно место, секоја нова технологија и секој извозен производ значат чекор кон посилна локална економија. Заложните за економски напредок на Битола стануваат реалност истакна градоначалникот Коњановски.

„Брејнчајлд“ е основана во 2020, а брендот во Битола има регистрирано две компании-за производство и продукција. Резултатот е видлив уште сега. Само во 2024 се развиени 243 прототипови на нови производи, за кои следуваат фази на тестирање од професионални спортисти. Во втората фаза предвидено е проширување на капацитетите.

https://www.brainchild-production.com/mk



   
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Проект за производствен погон на компанијата Glass Lux

https://www.facebook.com/taktikarhitektura



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: