Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
Хотели,мотели,апарт...
 
Известувања
Исчистете ги сите

[Лепливо] Хотели,мотели,апартмани(општо)

14 Написи
3 Корисници
18 Реакции
6 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема   [#883]

Во оваа нишка ќе бидат опфатени сите проекти поврзани со изградба реконструкција на хотели,мотели и апартмани низ државата кои се од помали размери и за кои не се издвоени посебни нишки.



   
Цитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

16.11.2025

Ново во Битола - Почнува изградбата на мега хотелски комплекс „АТИК Премиум“




Започна зафатот за изведба на голем хотелски комплекс во Битола насловена - „АТИК Премиум“. Комплекст е лоциран на стотина метри од Широк Сокак, непосредно до Градскиот парк, Музејот на град Битола, Градскиот стадион, Шеталиштето и најмодерната населба на Битола лоцирана во поранешната касарна - Златен рид. Хотелскиот комплекс всушност е во реон со нови станбени објекти, трговски центри, како и други објекти од јавно и комерцијално значење што ја прави најелитна населба во градот.

Хотелскиот комплекс ќе биде со поглед на Тумбе Кафе, односно локација која носи историска приказана помеѓу Отоманската империја и Модерна Турција.

Во Битола започна првата фаза на градежни активности од комплексот кој претставува најголем по површина во регионот од ваков тип. Инвестицијата ќе биде со капацитет за повеќе намени а ќе содржи 71 двокреветни луксузно опремени апартмани, 30 дуплекс и триплекс мега апартмани, трговски објект на близу 4000 квадратни метри. Големо казино, луксузен ресторан, сали за големи конференции, најмодерна мега теретана. Спа центар со базен, салони за разубавување, сопствен паркинг и се што подрзбира хотел со пет ѕвезди.

Овој хотелcки деловен комплекс е во сопственост на копманиите „Премиум Пиво Дооел Битола”, „АТИК Премиум ДОО Битола” кососпстеници Александар Талевски и Игор Колевски кои се партнери инвеститори на повеќе проекти на станбени единици во Битола.

Инвеститорите велат дека ваквиот тип на инвестиции е од високо економско значење за Битола и целиот регион па дури и за соседба Грција и Турција. Ова дотолку повеќе што најголем дел од туристите во градот се Турци, а за жал Битола не може да понуди сместувачи капацитети по квалитет и квантитет со цел да ги задржи туристите и да понуди хотелско сместување во еден објект.

Според инвеститорите „овој комплекс ќе биде од инзвонредно значење на сите спортски клубови и спортистите на градот како и за екипите и спортистите кои доаѓаат од европските држави за мечевите од меѓународен каратектер на ракометниот клуб Пелистер кој последниве години игра во лигата на шампионите , фудбалскиот клуб Пелистер, за репрезентациите на Македонија како и за другите спортски клубови но и за потребата за културните настани од домашен и меѓународен ранг можат да престојуваат и да бидат сместени во овој хотелски комлекс“.

Целата инвестиција е во вредност од 12.5 милиони евра финансирана од страна на инвеститорите и кредитна линија од позната банка.

[ https://apla.mk/direktno/item/17129-novo-vo-bitola-pochnuva-izgradbata-na-mega-hotelski-kompleks-?f ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

GREY STAR-NEGOTINO




[ https://www.facebook.com/ASA.DesignAluminiumskiOgradi ]



   
2
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Na vcerasnata sednica na Opstina Kavadarci, gradonacalnikot Jancev rece deka pokraj Holiday Inn, vo Kavadarci doagja i Marriott Hotel. E sega, dali toa go kaza samo taka ili e stvarno vistina, ostanuva da vidime. Na 2:21:15 od sednicata zboruva za ova
https://www.youtube.com/live/3MXLBr-X5hA?feature=shared



   
2
namaste и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Celosno renovirano detskoto odmoraliste Mihajlovo, koe sto se naogja do ski Mihajlovo ( na 40km od Kavadarci )
















   
2
Skopje и Bukefal реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Се откажуваат сите резервации – на 1 мај се затвора Хотел „Русија“?

На први мај, Хотелот „Русија” ќе ги затвори вратите за хотелските гости и за посетителите на популарниот „Скај бар“. Откажани се сите претходни резервации за престој и прослави, а се враќаат и уплатените средства. Извори на „Пари“ велат – ова е крај на првата голема македонска инвестиција на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко.

Информацијата не е целосно потврдена. Исто така, нема потврда ниту за претпоставката дека хотелот ќе се реновира. Според реакциите на гостите што последниве месеци престојувале во „Русија“ и своите впечатоци ги споделиле преку „Гугл“, хотелот е запуштен, руиниран, храната е лоша….

…За жал, хотелот постепено пропаѓа. Собите се руинирани, силиконот во бањата е испукан, тушот… е полн со бигор… СПА-центарот повеќе не постои или не може да се користи. Храната е многу лоша — сува, без вкус и секој ден е иста на шведската маса… Порано беше одличен хотел, но сега не би го препорачал…“ – се импресиите на странски гостин запишани пред шест месеци.

Уште една импресија од тој период: „Собите се запуштени, а бањата е валкана. Појадокот е најлошиот што сум го видел и пробал во хотел. Можете да го прескокнете, и токму затоа дефинитивно не вреди за парите! Дури и јаболкото не беше за јадење“.

Секако, има и пофалби, но поретко од понов датум.

Хотелот, изграден во 2014 година, е дел од поширокиот спортско-рекреативен центар „Јане Сандански“, чија што иднина не е доведена во прашање, велат нашите извори.

[ https://pari.com.mk/se-otkazuvaat-site-rezervacii-na-1-maj/ ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Горица резиденс Охрид: Совршен баланс меѓу приватноста и динамиката на современиот живот



Локација каде што традицијата и наследството се во совршен спој со урбаното живеење и современиот дизајн, каде што езерскиот хоризонт се спојува со сонцето, а околината тоне во раскошно зеленило - тоа е новиот комплекс „Горица резиденс“ во Охрид. Ова не е само место за живеење, туку доживување што ги обединува природата, историјата и луксузот во една инспиративна целина, обезбедувајќи дополнителен поттик за домашната економијаи регионалниот развој.
Сместен на самиот брег на Охридското Езеро, „Горица резиденс“ нуди живот во ритамот на природата надополнет со сите удобности на урбаното домување, каде секое утро започнува со спокојството на езерото, а вечерта завршува со спектакуларно зајдисонце. Овој урбан комплекс со резиденцијална и хотелска намена, претставува совршен баланс меѓу приватноста и динамиката на современиот живот, нудејќи врвен архитектонски израз и услуги што исполнуваат највисоки стандарди.

Резиденцијалниот дел на комплексот нуди 42 премиум апартмани, од кои два се дуплекс апартмани, внимателно дизајнирани за да овозможат максимална удобност, функционалност и естетика. Секој апартман е ориентиран кон езерото, со панорамски поглед и изобилство од природна светлина, што создава чувство на просторност и спокој. Директниот пристап до приватна плажа и базен наменети за сите сопственици на апартмани, приватниот паркинг и 24-часовното обезбедување, го заокружуваат чувството на ексклузивност и сигурност. Резиденцијалниот дел од проектот и околното хортикултурно и партерно уредување ќе бидат финализирани до крајот на годинава, по што ќе биде подготвен да ги прими и првите станари

Посебна вредност на локацијата е нејзината непосредна близина до културното и историско богатство под заштита на УНЕСКО. Животот во „Горица резиденс“ значи да се биде дел од простор кој е глобално препознаен како културно и природно наследство, каде секој чекор носи допир со историјата, а секој поглед открива нова приказна. Она што ја прави оваа локација уште повпечатлива е уникатната микроклима со планина што се издига зад комплексот и езеро што се протега пред него, создавајќи природен баланс кој обезбедува свежина во лето и пријатна клима преку целата година. Овој редок спој на природни елементи нуди квалитет на живот како вистинско прибежиште од урбаниот метеж.

На резиденцијалниот дел наскоро ќе му се придружи и луксузен хотел со 5 ѕвездички, кој ќе функционира под капата на интернационален бренд. Ова ќе донесе ново ниво на услуга и престиж, со содржини како спа центар, фитнес бар, салон за убавина, игротека, отворен базен, како и врвен ресторан и бар. Сопствениците на апартмани ќе имаат директен пристап до овие услуги, добивајќи комплетно хотелско искуство во удобноста на сопствениот дом.

„Горица резиденс“ не е само инвестиција во недвижност, туку и во иднината на регионот. Со својата амбиција и квалитет, проектот има потенцијал да стане двигател на нов инвестициски бран во Охрид и околината, привлекувајќи реномирани компании и поттикнувајќи развој на инфраструктурата и туристичката понуда. Присуството на луксузен хотел ќе привлече повисока категорија туристи, што дополнително ќе ја позиционира оваа дестинација на мапата на ексклузивниот европски туризам. Истовремено, ваквиот развој отвора можности за зголемување на авионските конекции преку охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ со нови директни линии кон европски метрополи, правејќи ја оваа дестинација уште подостапна и поатрактивна за меѓународните посетители и инвеститори.

[ https://faktor.mk/gorica-rezidens-ohrid-sovrshen-balans-megju-privatnosta-i-dinamikata-na-sovremeniot-zivot ]



   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Sveto Janevski ( vv tikves ) izgradi luksuzen hotel i vinarska vizba vo selo Krnjevo. ( kavadarci ) Nemam info koga ke bide otvoren.
Ova e lokacijata :

https://maps.app.goo.gl/kakuW4Uc1kFVXDP1A



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Skopje
(@skopje)
Почитуван член
Се приклучи: пред 4 месеци
Објави: 88
 

Некој нов најавен хотел во Дојран. Рендерот личи дека е правен со вештачка интелигенција, но сепак нека стои тука, може и ќе се изгради 🙂

https://www.facebook.com/groups/257917960994041/



   
Bukefal и Kavtown реагираа
ОдговорЦитат
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 1896
Стартер на тема  

Од руината на „Технометал Вардар“ до хотел со пет ѕвезди, што покажуваат бројките за „Блисс Палаце“


Зградата на поранешен „Технометал Вардар“ на улица Македонија во центарот на Скопје со години важеше за еден од највидливите запуштени објекти во градот. Денес, на истата адреса е регистриран хотелот „Блисс Палаце Скопје“, категоризиран со пет ѕвезди.

Зад „Блисс Палаце ДОО Скопје“ стои бизнис поврзан со семејството Буши, познато во јавноста по продавници за накит и по хотелскиот сектор преку „Буши Ресорт и Спа“ во Старата скопска чаршија. Во регистарот на категоризирани хотели, „Буши Ресорт и Спа“ е заведен како хотел со 5* супериор, а „Блисс Палаце Скопје“ како хотел со 5*.

Финансиските податоци за првата целосна година од работењето, 2025 година покажуваат дека „Блисс Палаце“ на улица Македонија во центарот на Скопје, остварил приходи од околу 1,10 милиони евра. Расходите биле околу 996 илјади евра, а добивката околу 91,3 илјади евра. Хотелот има 15 вработени.

Тоа значи дека хотелот заработил повеќе од еден милион евра, но на крајот му останале околу 91 илјада евра чиста добивка. Со други зборови, најголемиот дел од приходите бил потрошен за тековни трошоци.

Паралелно е регистрирана „Гарден Блисс ДОО Скопје“ уште една фирма поврзана со работењето на хотелот, поточно спа услугите. Ова фирма има 3 вработени. Таа во 2025 година имала приходи од околу 111,6 илјади евра, расходи од околу 138 илјади евра и загуба од околу 27,7 илјади евра. Сепак ова е нецелосна година, бидејќи се отвори во текот на минатата година.

Овој дел од бизнисот засега ја намалува вкупната заработка. Ако се гледаат заедно „Блисс Палаце“ и „Гарден Блисс“, вкупните приходи за 2025 година се околу 1,21 милион евра, додека нето резултатот по загубата на спа фирмата е околу 63,7 илјади евра во плус.

Во регистарот на категоризирани хотели, хотели со 5 ѕвезди и 5 ѕвезди супериор во Македонија се вкупно 25. Тоа се: „Хилтон“, „Холидеј Ин“, „Гранд М“ односно „Мериот“, „Парк“, „Аурора Ресорт и Спа“, „Скај“, „Принцесс Груп“, „Александар Палас“, „Аполонија“, „Инекс Олгица“, „Њу Стар“, „Фламинго“, „Гардениа“, „Арка“, „Буши Ресорт и Спа“, „Горан Пандев“, „Лимак“, „Изгрев“, „Радика Ресорт“, „Блисс Палаце Скопје“, „Хилтон Скопје“, „Ардиа“, „Холидеј Ин“ и „Ембла“.

„Буши Фешн“ ја купи зградата на поранешен „Технометал Вардар“ откако објектот беше ставен на продажба по стечајот на компанијата и поради обврски кон Комерцијална банка. Подоцна беше објавено дека семејството Буши, заедно со турски инвеститор, планирало околу 6 милиони евра за претворање на зградата во хотел.

Пред реконструкцијата, објектот беше една од највидливите руини во центарот на Скопје. Зградата беше незаштитена, во неа влегувале луѓе, се вадеше сè што има вредност, беше обиен влезот, а се корнеа и делови од покривот и лимот.

[ https://faktor.mk/od-ruinata-na-tehnometal-vardar-do-hotel-so-pet-dzvezdi-shto-pokazuvaat-brojkite-za-bliss-palace ]



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Hotel Angro Palace - Kavadarci












   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Hotel Elitte - Kavadarci












   
2
Bukefal и akul1122 реагираа
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Hotel Feni - Kavadarci








   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Почесен член
Се приклучи: пред 5 месеци
Објави: 348
 

Motel Restoran Mokliste -Kavadarci











   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: