Кон содржината
Градба.мк Градба.мк
🚧Деловно-тр...
 
Известувања
Исчистете ги сите

🚧Деловно-трговски комплекс Five Star-Кавадарци

4 Написи
2 Корисници
1 Реакции
573 Прегледи
stef4o
(@stef4o)
Член Moderator
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 2786
Стартер на тема   [#1182]

Оваа нишка е наменета за следење на прогресот во изградбата на новиот деловно-трговски објект во Кавадарци во кој ќе биде сместен и Младински културен центар. 



   
Цитат
Ознаки на тема
(@kavtown)
Истакнат член
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 482
 

Историски момент за Кавадарци! ❤️

Од денес започнува изградбата на новиот Младински културен центар – простор создаден за младите, нивните идеи, креативност и дружење. Младинскиот центар ќе биде на второто ниво, со површина од околу 800 м² и со посебен влез, како дел од новиот деловно-трговски комплекс кој ќе се простира на околу 6.000 м².

Современ простор за култура, образование, креативни работилници, настани, дружење и младински иницијативи.

Комплексот ќе располага со 25 паркинг места, плус дополнителни околу 40 места пред објектот.

Од нефункционална градба до нов простор за иднината.
Од денес – градиме за младите! ❤️

 



   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Истакнат член
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 482
 

Деловно трговски објект Five star building

https://www.facebook.com/share/v/1HDFsBYYQ7/



   
ОдговорЦитат
(@kavtown)
Истакнат член
Се приклучи: пред 9 месеци
Објави: 482
 

Изградбата на новиот Младински културен центар во Кавадарци е веќе во тек!

Младинскиот центар ќе се наоѓа на второто ниво од новиот деловно-трговски комплекс, со површина од околу 800 м² и посебен влез, со што ќе добие сопствен и препознатлив простор за младинско творење и дејствување. Ова ќе биде современ и функционален простор наменет за културни и едукативни активности, креативни работилници, изложби, настани, предавања, дружење и реализација на младински идеи и иницијативи. Новиот деловно-трговски комплекс ќе се простира на околу 6.000 м² и ќе располага со 25 паркинг места, како и дополнителни околу 40 паркинг места пред објектот.

Целокупната инвестиција и изведба на објектот се реализираат од страна на Five Star Building.

Со овој проект се создаваат нови можности за младите од Кавадарци – место каде што ќе можат да ги развиваат своите таленти, да разменуваат идеи, да создаваат, да се поврзуваат и активно да учествуваат во културниот и општествениот живот на градот.

Градиме простор за младите, за нивните идеи и за иднината на Кавадарци! ❤️

 



   
Реагираше Bukefal
ОдговорЦитат
Сподели: